Идејата да се зафатам со пишување на една мала, публикација, за животот, како и за интелектуално-дипломатскиот и револуционерниот опус на Тодор Александров е, и дамнешна и сегашна. Кога велам дамнешна, мислам на времето меѓу 1976-1979 година, а кога велам сегашна, мислам на поскомунистичкото време во република Македонија, меѓу 1991 -1994 година.
Имено, во 1976 година, започнав со изработка на темата: „Условите и околностите за активностите на НОВ во Источна Македонија". За да ги утврдам причините, зошто борбите во Источна Македонија 1941-1942 година каснат, во однос на борбите во другите предели на Бивша Југославија, организирав анкета со живи сведоци, современици на настаните. Наспроти очекувањето, како што бевме учени во основното и средното образование за НОВ во Југославија и Македонија, резултатите од анкетата најблаго речено беа поразителни, ретко кој oд анкетираните сведоци се осмелуваше да ги хули ставовите и активностите на Методија Шаторов-Шарло и Бане Андрeев за периодот 1941-1944 година, и уште помалку, оние на Александровата ВМРО, мeѓу 1906-1924 година ипотоа.
Практично, добиените резултати од анкетата, како и писмените документи од архивите и оние што ми ги дадоа на увид и позајмица анкетнраните лица, како писма, белешки, спомени, портрети на личности, објекти, гробници и гробишта, стари весници и списанија, тапии, пресуди, решенија, извештаи и друго, ме вовлекоа во едно противоречие, мешаница меѓу онаа што го учев во клупите и виденото и чуеното во архивите, на теренот и преку живиот збор на современшџгге, сведоци на настаните. Повеќе од две години се измачував, бев на раскрсница, пригмсчен меѓу две вистини кои не се трпат, бидејши акоедното и вистина, другото е лага. Не дадоа задоволителни речултати и моите упорни пионерски обиди, кога со изнасилени одговори на соговорниците, барав да сведочат како што мене ми одговараше. Бев крајно неправеден спрема сведоците, чија совест не беше блокирана партиски.
Инсистирав да добијам покритие на удомакената теза во македонската историја дека, НОВ во источниот дел на Македонија касни поради тоа што, наводно народот 6д тие простории и по 1941 година бил исплашен од теророт на четниците на Врховизираната ВМРО на Тодор Александров! Навистина, југословенското партиско јадро и тогаш дозволуваше да се зборува и за српски тeрор во Македонија меѓу двете Светски војни, но повеќе како реакција наспроти ВМРО и на анти бугарски позиции. И колку повеќе, во истражувањето настапував сојугословенско видувањe на вистината, во историското минато на својот народ, во исто толкава мерка и повеќе, сведоците на настаните и пишаните докумснти ме напраќаа кон друга истина, ослободена од партиски и државни формули и заклучоци, домашни и увезени. Домашните беа само надградба на увезените формули и заклучоци од бслградската партиска централа, поинаку не можеше ако се имаше желба да се напредува во пишаната реч.
Кон средината на 1978 година за сите противорсчија со кои се среќавав и соочував за време на истражувањето на просторот и во архивите, ги консултирав менторите; Генералот Михаило Апостолски и проректорката на Универзитетот во Скопје - професорката Славка Фиданова, додека професорот Брезовски бидејќи беше болен во тоа време, ме упати на консултации за таа проблематика исклучиво со генералот Апостолски, кој истовремено беше и претседател на МАНУ.
Во разговорот со генералот Михаило Апостолски, настапив апла, го информирав за се во ситници, особено за реакциите на соврсмениците околу личноста на Тодор Александров, тој трпеливо ме ислуша и ми укажа, прво да не се однесувам пристрасно и насочувачки за време на анкстирањето на сведоците на теренот, второ да не вршам селекција на архивската документација по однапред стокмени заклучоци и трето околу личностите на Тодор Александров, Методија Шаторов, Бане Андреев, Ченто, Тодор Павлов и Кочо Рацин ми рече дека има и „ВТОРА СТРАНА", и советодавно додаде дека сега не е време да се пишува за тоа..." „Прошири ја анкетата и чувај ги добро резултатите", внимателно подвлече тој...
Мислењето на генералот го прифатив, ја продлабочив истражувачката постапка, обезбедив изворни документи подзаборавени за историјата, благодарение на кои, здогледав нешто и од ,,ДРУГАТА СТРАНА", сериозно почнав да трагам и по друга вистина.
Меѓувремено се зафатив со изработката на пбликацијата: „Народните училишта во НОВ во Југоисточна Македонија" а паралелно работев и на проектот за „Субјектите и средствата за денационализација и теророт во Југоисточна Македонија меѓу Балканските и Втората светска војна".
Со оглед на тоа што во центарот на истражувачката работа за вториот труд, за субјектите и средствата за денационализација и теророт се најдоа личноста и активностите на Тодор Александров сакам да подвлечам дека, сакал или не, од морална, историска и научна гледна точка, бев задолжен да дадам макар само глобална оценка на дејноста, на тој толку негиран и атакуван Македонски револуционер, дипломат и педагог. Документирано разбрав и сватив дека Александров бил, е, и ќе биде непријател број 1 за вештачки стокмената Југословенска томбола начело со Јосип Броз. Заклучно со 1989 година, иако имав обезбедено доволно сведоштва архивска публицистичка и друга документација, со која можеше да се прикажеживотниот пат и делото на Тодор Александров, не презедов ваков чекор од повеќе разбирливи причини, кои за жал за поединици не се обессилени во Република Македонија с едо денес. Пред се, за значајни историски настани во историскатанаука во Република Македонија с онепишан декрет, место факти одомакена беше игра на зборови: врховисти-централисти, левичари-десничари, автономисти-врховисти, фашисти-прогресивни сили, за и против БКП, за и против JКП и слично на тоа, и се заедно, југословенската партиска пирамида по 1947 година, успеала да вмакне во училиштата во Република Македонија, учебници по историја според српско видување, во чие средиште место наивистинскиот Македонец, поставен е македонецот Стојан Новаковиќ, исклесан исклучиво на анти-бугарски и анти-ВМРО-вски позиции.
Создадена е ѓаволско-расколничка несреќа во Македонија која сите од надвор ја гледаат и се чудат, зошто ние во Македонија не можеме да ја видиме и зошто си фрламе анатема едни на други, кога сите сме синови и ќерки на Македонија и зошто се плеткаме во мрежа на интриги која е увезена од надвор.
Како член на Републичката комисија за измена на Наставните планови и програми по историја, разбрав и дeка, историската наука на Република Македонија и по осамостојувањето во 1991 година е ставена пред испит, и таа или ќе треба да продолжи и понатаму да робува на веќе разнебитената југословснска изрежирана вистина за Македоиија, или ќе треба да собере сила за да се ослободи од нејзините вериги, се разбира, за доброто на Македонија и македонскиот народ, за да престанат покрусите, брат- братот да го хули и сомничи, таткото-синот и обратно. За моето видување како член на Републичката комисија го информирав тогашниот министер за образование Димитар Димитров, кој јадосно ми рече: „Значи така, пак по старото"?! И само од тие причини, и само за доброто на Македонската држава, како и да прсетанат да ни се потсмеват учените Срби, Грци, Турци и Албанци, а европската културна и дипломатска јавност да ни се чуди, оценив дека е, и време, и начин, да се изготви за почеток една мала публикација за животот и делото на Тодор Александров, и тоа, повеќе како документационен материјал од домашни и странски извори, преку кој читателот самиот ќе може да пресуди, кој е Тодор Александров, и кое е неговото место во македонската, европската и свстеката историска наука, како прво. И како второ, ги следев со внимание безпредметните чаршиски расправии до кој дојде во последно време во Република Македонија (1992-1994 година), за и околу личноста и револуционерниот опус на Тодор Александров, и посебно по церемониите на откопувањето и закопувањето на Спомен-плочата во Штип со името на Тодора, и кога сватив дека прети нова опасност од продлабочување на расколот меѓу македонскиот народ, не гледав друг начин, како може да му се преесче патот на старо-новиот раскол, сем оној да се истакне вистината за Тодор Александров, да се обелоденат сите негови револуционерни, дипломатски војнички и интелектуални заложби за слободата и обединувањето на Македонија и за создавањсто на независна Македонска Држава.
Не е срамно да се каже дека вистината за Тодор Александров, беше а за некои и сеуште е една од табу темите во македонската историја, слична на темите за Шарло и Ченто, за Тиквешко-Лакавичкото и Охридско-дебарското востание од 1913 година, за окупацијата на Македонија меѓу двете светски војни и слично. За Александров во Македонија многу малку се знае, од тоа
Оттука, ми останува да презентирам што видов, што чув и што прочитав, а за тоа им должам благодарност на сите архивски работници кои ми помогнаа да видам тоа што требаше да го видам, на сите сведоци што ми помогнаа да чујам тоа што требаше да го чујам, и на сите автори на текстови што ми овозможија да прочитам и да разберам сe што може за животот и делото на Тодор Александров, чии програмски определби без малку се вградени и во темелите на денешната Македонска држава. Благодарност им должам и на рецензентите со кои се консултирав постојано.
Недостасуваат само признанието и почитта....