Токму така треба да се протолкува хајката на некои медиуми по повод посетата на спомен плочата на македонскиот великан Тодор Александров. Присутните граѓани, речиси сто и педестина, од Скопје и претежно од градовите во југоисточна Македонија, на 24 овој месец евоцираа спомени за великанот. По тој повод професорот Димитар Галев со своето слово одржано над спомен плочата, искажа прекрасни зборови за херојот Тодор Александров.
И токму овој собир и речта на професорот Галев ги разбесни србокомунистичкитe и мaкедонистички јаничари, та со невидени лаги и клевети се нафрлија против патриотите. Но, треба да знаат, дека присутните граѓани не ги евоцираа спомените за херојот и основоположникот на македонскиот организиранотпор против поробителите, заради темниот вокал, како што најбезобразно се шпекулира. Тоа никому на ум не му падна во оваа пригода. Туку напротив, со таквите инсинуации некои набедени и самопромовирани исто ричари по нарачка, сакаат да го оцрнуваат името и делото на Александорв.
Инаку, на пример, на паметникот на моите родители е запишано пак: Параскева и Глигор Ђозевић, починати во 1935 односно 1937 година, при што презимето е испишано со оригиналнйте букви од српската азбука. Кога одам да го посетам гробот на моите родители, треба ли да се разбере дека јас со тоа го ширам велико србизмот. Или, пак, да го наведам примерот со комитата Коце Ајтов од Радовиш, убиен од турскиот аскер во Радовиш ката корија. Имено, на спомен плочата со арапско писмо е испишано името на Коце Ајтов. Можеби е и непотребно да се наведуваат примерите со вакви индивидуални случаи, зашто е доволно да се отиде на скопските градски горбишта во Бутел. Таму на секој чекор можете да забележите над гробни споменици на кои презимињата на покојниците се испишани со "ић', завршуваат со ер голем, или на "ов". Тие натписи едноставно се одрази на приликите што владееле во одреден период во Македонија, а најмалку се сведоштва за политички те убедувања.
На последните парламентарни избори, огромното мнозинство од граѓаните во Македонија се изјаснија за промени. Дали тие промени не треба да се однесуваат и на медиумите? Односно, сфатено во однос на нивното реагирање според теркот што го воспостави про-српската комунистчка и неокомунистичка власт во Македонија, секогаш кога ќе се споменат имињата на дејците на ВМРО. Затоа, во смисла на остварување на вистинските промени, владеачката коалиција неизоставно ќе мора да се погрижи да се создадат услови и за промени во медиумите, овој многу важен сегмент за создавање вистински плурален и демократски амбиент. Во спротивно, ќе им направи непроценлива услуга на поразените сили во Македонија.