Според сe изгледа некои работи во Македонија никогаш нема да се изменат бидејќи се неодвоиливо, папочно, сврзани со определени личности-протагонисти и "фолклористи"; и според нив една вистина со еден правец на размислување. За време на комунизмот протагонистите беа во првите борбени редови и нивна главна преокупација беше контролата на умот и колективниот дух. Благодарејќи на тоа денес имаме "осакатени" генерации во однос на историските вистини и генерации кои генетски како да се предодредени да имаат омраза и гнев спрема секое спротиставување на така конпонираната историја. Тие, протагонистите, тука се немилосрдни и историјата и натаму си ја тледаат како интересна книжевна опсервација податлива за наjсекакви интерполирања и модслирања. Важно е таа и натаму да биде под контрола и пoданиците да не дознаат нешто повеќе за сопственото минато, историја и култура. Еднoставно за тие протагонисти повикот да се "дотерува" историјата бeше многу посилен од фактите и некомнатибилноста на нивната верзија со европските и светските реални забележувања на историјата.
Значи, во однос на релацијата Македонија-историја, состојбите и натаму се зовриени, а на сцена се уште доминираат старите сеништа, нетрпепија. каприци и празни простори. Во иив тоие вистината и генерациите се уште се изложени на две или повеќе вистини за она што мора да биде само едно. Најдобар пример за тоа е последното медиумско-академско предимензионирање на обидот Тодор Александров христијански и човечки да биде чествуван, како учесник и дел од македонската историја. Едноставно, најчесното изразување почит и враќањето на спомен плочата на Тодор Александров на старото место, предизвика најжесток напад и го активира пропагандниот апарат, без никој да праша дали тоа така треба да биде.
Навистина, зошто таков однос, кога наголемо се говори дека историјата во однос на таквите матни "досиеја" треба да има во најмала рака нов истражувачки правец, а не само пакет полн со запечатени обвинувања и драконски казни. И се разбира зошто сето тоа се одвива толку отворено и дилетантски, во стилот на старото комунистичко бришење на вистината, за да не се провери тоа што пред јавноста се пласира како грев. Пред се во однос на потребата да се каже дека никој сега не подигнува нова плоча, па згора на тоа на "бугарски јазик"; туку дека таа плоча досега била закопана в земја, од оној миг кога пред 60-тина години српските окупатори на Македонија ја скршиле и фрлиле, а родната куќа на Александров ја изгореле до темел.
Понатаму, да се прејудицира воведување на "бугарскијазик" преку примерот на плочата од штипско Ново Село, во најмала рака е нон сенс бидејќи речиси сите надгробни одбележја од тој перйод се на тој ист "опасен" јазик, или на помалку опасниот српски, а некаде и грчки јазик; се разбира ако се појде од ставот дека писмото треба да се поистоветува со јазик, особено кога станува збор за име и презиме, што од своја страна отвора други согледби и има поддршка само како дежурно обвинение од веќе споменатите протагонисти и нивните медуимски поддржувачи. На крај и врвот на историската тапоглавост. Мафтањето со фактот дека одредена група меѓу кои и одредени министри се поклониле на гробот на Тодор Александров во Штип. Ова навистина не може да биде разбрано поинаку од тапоглавост во служба на отворена пропаганда на македонските Протагонисти, кои никако не можат да се помират со новите работи, па велат дека "тие не можат тоа да го дозволат" и дека тие ќе забранат тоа да се случува. Се разбира доколку ова "ТИЕ" односно "НИЕ" на спомснатите протагониости се однесува на нив лично, нивните жени, деца и поширока фамилија, тоа е в ред. Тогаш станува збор за семејна изопаченост и работата треба да има друг, исцелителен пат. Доколку пак тоа "НИЕ'' има друг групен и институционален кредибилитет, да речемe како став на партија, служба или шпионска доклада, тогаш работаа е исто така в ред. Луѓето се на линија и си ја работат работата (истата од комунизмот и братскиот сојуз со Србите).
На крај и за веќе споменатиот гроб на Тодор Александров. Господата пишувачи на ваквата епистоларна пропагандистичка литература, него треба да го побарат некаде на Пирин планина, до 1928 година, а од таа година до ден денешен во Софија. Во Штип се наоѓа само спомен-плочата од неговата родна куќа и неговиот дух кој од толку многу кривоклетства и лошотии, што од Срби, што од Комунисти, што од неграмотни Македонци се уште лебди како проклетство.